Двајца велешани – министри во Владата на Мицкоски

zoran-ljutkov

Актуелниот председавач на Советот на Општина Велес, актерот Зоран Љутков е предложен од мандатарот на новата Влада, Кристијан Мицковски за нов министер за култура и туризам,  за кој Мицкоски очекува дека ќе има шанса да ја промовира Македонија на надворешен план.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Уште еден велешанец се најде во составот на новата Влада. Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски, кој на оваа функција беше и во техничката Влада, за кого беше речено дека се очекува бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

Текстот продолжува под рекламата

Agria
Pance toskovski minister

Предлог составот на новата влада е комплетиран и заедно со програмата денес треба да биде доставен во Собранието, додека гласањето се очекува да се случи претстојниот викенд.

Новата македонска Влада ќе има 20 министерства (четири повеќе од претходниот состав) и 24 министри (вклучувајќи ги и тие без ресор). Истата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ – За Наша Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: