„ВМРО-ДПМНЕ се десничарска, националистичка партија. Наредниот викенд ќе изберат влада и новиот премиер ќе има експозе. Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него. Ќе го предизвика целиот западен свет“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
Тој додаде дека за Северна Македонија нема алтернатива освен европска иднина и НАТО.
„Тоа значи дека нема да користиме европски пари, но нема да има ни надворешни, ни домашни инвестиции. Нашите млaди ќе заминат во западна Европа и САД. Тоа е закана за нашата земја“ рече Заев.
Тој додаде дека може да биде користен за обвинување за сменетото име, но му порача на Мицкоски да не си игра со иднината на Северна Македонија.
Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.
Можеби ќе ве интересира: