Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово од 12 часот излегоа на протест со блокада на експресниот пат Штип – Велес кај местото викано Овче Поле.
Текстот продолжува под рекламата
Тие се жалат дека посевите ќе се исушат бидејќи не можат редовно да наводнуваат иако плаќаат надоместок на водостопанство „Брегалница“.
Текстот продолжува под рекламата
Плаќаме надоместок за наводнување, ама посевите се сушат бидејќи не можеме редовно да ги наводнуваме нивите. Минатиот викенд ни пуштија вода, но тоа не е доволно – велат зeмјоделци.
Вчера директорот на АД Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА изјави дека е запрена водата за наводнување за Овчеполскиот регион бидејќи вода треба да се испорача за оризовите полиња во кочанско-виничкиот регион.
Блокадата на патот како што е најавено ќе трае 2 часа.
Можеби ќе ве интересира: