Реклама

Претпладне сончево и топло, попладне услови за локално невреме

veles-avgust-2021

Сончево и топло време со мала до умерена облачност прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Вакво време е најавено за претпладневните часови, а од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минималните температури ќе се движат во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во Велес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Делови од котлината попладне ќе бидат зафатени од пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 18 до максимални 34 степени.

Можеби ќе ве интересира: