Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција најави поскапување на струјата за потрошувачите во вториот, третиот и четвртиот блок.
Текстот продолжува под рекламата
За граѓаните коишто се во првиот блок, со минимална потрошувачка, нема да има корекции во цената. Во вториот блок цената на струјата ќе се зголеми за 0,85 проценти, во третиот блок цената ќе се покачи за 1,92 проценти, а во четвртиот блок за 1,88 проценти.
Текстот продолжува под рекламата
Освен покачување на цената на струјата во високата тарифа, првиот човек на Регулаторната комисија објави дека од следниот месец за 0,65 проценти ќе се покачи и цената на евтината тарифа.
Според Бислимоски, од 1 јули струјата ќе биде поскапа за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата, со што нема да биде предизвикан ценовен шок.
Можеби ќе ве интересира: