Полската амбасада и донираше 50 книги на Локалната библиотеката „Гоце Делчев“ Велес

Donacija polski knigi biblioteka

Педесетина книги од полски автори преведени на македонски јазик и подари сопругата на полскиот амбасадор во нашата земја, г-ѓа Јоланта Гжелчик на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес. Донацијата ја прими директорката Снежана Бошевска.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со директорката Снежана Бошевска разговараа за активностите на библиотеката за доближување на содржините од оваа донација до читателската публика во Велес, можностите за промоција на класиците од современата полска литература како и за продлабочување на понатамошната соработка на Амбасадата на Република Полска во Скопје со велешката библиотека.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Донацијата е во рамки на проектот „Полска на полица“ што почна годинава и опфатени се националните и општински библиотеки во десетина градови, а чија цел е популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: