Ревизорите со бројни забелешки за Општина Росоман

Rosoman
Rosoman

Повеќе недостатоци и системски слабости констатирал Државниот завод за ревизија во Општина Росоман.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

ДРЗ укажува дека не била утврдена старосна структура за побарувањата по основ на данок на имот од физички и правни лица и комунална такса за назив на деловна просторија, законската можност за нивна наплата, како и дека не се преземаат активности за присилна наплата и не се пресметува и наплатува камата за данокот кој не е платен во пропишаниот рок. 

Текстот продолжува под рекламата

Agria

„Не е извршено ажурирање на пазарната вредност на недвижниот имот, одлуката за критериумите за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (земјоделско и градежно земјиште) не е усогласена со Методологијата за процена на пазарна вредност на недвижен имот во однос на начинот на пресметување на пазарната вредност земјиштето“, констатира Заводот во Извештајот од извршената ревизија.

Во извештајот се додава дека Општината не остварува приходи од надоместокот за одржување на јавната чистота, а Советот на Општината нема донесено годишна програма за одржување на јавната чистота, дека нематеријалните средства и дел од недвижниот имот не се сметководствено евидентирани, а констатирани се и неправилности при донесувањето и реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и Програма за уредување на градежно земјиште за 2022 година.

При ревизијата на Општината утврдени се и недостатоци во однос на роковите за реализација и обезбедување на документација за отпочнување со градба, отсуство на извештај за технички прием и примопредавање на градбите помеѓу инвеститорот и изведувачот.

Државниот завод за ревизија констатира и системски слабости, меѓу кои дека не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на општината, како и оти не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ. ДЗР утврдил и дека состојбата на регистарот на недвижности не е усогласена со регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: