Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги коментираше изборите за нов претседател во СДСМ, по кои Венко Филипче ја доби довербата од членството.
„Тоа е работа на СДСМ, на членството, ние рековме дека нема да се мешаме. Не сакаме тоа да им го правиме, што не сакаме нам да ни го прават. На господинот Филипче му посакувам успешна работа, да работи во интерес на граѓаните. Јас во моето експозе во парламентот, кажав дека кога станува збор за интересите на Македонија подавам рака. Членството на СДСМ така одлучило, и нам ни останува да им го честитаме изборот“ – рече Мицкоски.
Новиот партиски претседател со порака дека е време за обнова на СДСМ и многу работа.
„Нема време за славење. Следува период на реорганизација и реформа, согласно моите програмски ветувања, со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински и темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес“, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира: