Реклама

Променливо облачно и посвежо

Veles 1 Juli 2024

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд и силен ветер од над 70 километри на час и град.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во Велес ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Можеби ќе ве интересира: