Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, случаен минувач го однел в болница

veles juli saat kula i del star most
veles juli saat kula i del star most

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата“, појаснија од СВР – Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: