Српски државјанин ја нападнал сопругата, па ја оставил на автопат кај Демир Капија

Avtopat Demir Kapija
Avtopat Demir Kapija

На 12.07.2024 во 19.50 часот на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, после наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49) од Р.Србија, која била со повреди на телото.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М. (52) од Р. Србија кој кажал дека враќајќи се со С.М.(49) и нивните малолетни син и внука од одмор од Р.Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон Граничен премин „Табановце“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од страна на Итна медицинска помош Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што е
пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: