понеделник, 19 август, 2024
Реклама

Пожар помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка, гори мешовита шума

Веќе втор ден е активен пожар во кој гори мешовита шума помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За пожарот, како што велат од ЦУК, известени биле во ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ од Велес, како и велешката противпожарна единица.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според информациите од ЦУК, пожарот гори на непристапен терен, а од утрово е проширен кон горниот стрмен дел помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште.

Можеби ќе ве интересира: