Огнот повторно се разгоре над обиколницата на Битола. Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот, известува Општина Битола.
Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси во согласност со потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување повторно е најавена воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, велат од Општината.
Можеби ќе ве интересира: