Доскорешниот репрезентативец на Македонија до 19 години, Петар Јакимов е првото засилување за Фудбалскиот клуб Борец 1919 АД.
Содржината продолжува под рекламата
Голманот од Скопје, потекнува од Работнички од каде и доаѓа, а минатата сезона бранеше во струмичка Беласица како позајмен играч. Иако имаше понуди и од други клубови, сепак Јакимов се реши да ја прифати понудата од Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Тимот на Борец 1919 АД ја одработува првата фаза од летните подготовки наменета пред се за подобрување на физичките предиспозиции на фудбалерите, а од клубот најавуваат и нови засилувања во пресрет на второлигашката сезона.
Можеби ќе ве интересира: