Реклама

Велешката полиција има оперативен план за „Рамазан Бајрам“

SVR Veles

Велешката полиција изготвила оперативен план за дејствување за време на претстојниот продолжен викенд, кога граѓаните од мислиманска вероисповед ќе го слават празникот Рамазан Бајрам. СВР Велес денеска го информирал Општинскиот кризен штаб дека за ова се извршени разговори со оџите во Велес и велешко.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски рече дека во наредниот период ќе биде клучно колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките. Според него, особено загрижува што најголемиот број на заболени се од литијата, која се одржа во Струга и од семејни и верски прослави во западниот дел на државата.

Agria

„Мислам дека треба да бидеме упорни, да ги почитуваме мерките и да го почитуваме Уставот, кој вели дека Македонија е секуларна држава и да не дозволуваме толку многу верските лидери од сите религии да имаат толку големо влијание врз политичките настани во земјата, особено кога се работи за почитување на препораките на здравствените власти“, рече Коцевски.

Во секој момент се очекува Владата да донесе одлука колку ќе трае полицискиот час за време на претстојниот продолжен викенд. Во недела муслиманите го слават „Рамазан Бајрам“, а верниците од христијанска вероисповед го одбележуваат празникот на Свети Кирил и Методиј. Понеделник е неработен ден.