
Фудбалерите на Борец 1919 го забележаа вториот пораз во подготвителниот период. На гостувањето во Македонска Каменица, домашната екипа, Каменица Саса беше подобра од велешани со резултат 3:0, полувреме 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините поведоа по еден спорен пенал во првиот дел. Реализатор на ударот од белата точка беше Лазе Стојановски. По ова до крајот на првиот дел се играше рамноправно од двете страни. Во вториот дел двајцата тренери напаравија неколку измени, по што домашниот тим подобро се снајде на теренот и со головите на Махир Ајрули и Бурим Алиев го добија натпреварот со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
Тренерот на велешани Љупчо Димитковски – Гањо, и на овој натпревар тестираше неколку играчи кои би можеле да го носат дресот на Борец. Следниот натпревар за Борец е на на 27 јули против екипата на Вардар Неготино.
Можеби ќе ве интересира:
- Голем успех на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес на меѓународно натпреварување во Чешка
- Македонскиот кајак тим со достојни резултати на Европското првенство во Италија
- Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница
- ЕХФ ОДЛУЧИ: Алкалоид го освои Европскиот куп – АЕК го изгуби реваншот службено
- Историски дуел во Росоман, Башкими и Победа од Пепелиште во борба за место во Купот на Македонија