Реклама

Полициски час од недела во 11 до вторник до 5

Ramazan policiski cas

Полицискиот час за време на празничниот продолжен викенд ќе трае од недела од 11 часот, па се до вторник, до 5 часот наутро, одлучи предмалку Владата.

Zito akcija 640x289px

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро“, соопштија од Владата./В.Т.

Agria