Затворот „Скопје“ е како „хотел-промаја“, кој кога сака влегува и излегува, сето тоа по усна наредба на директорот Филип Андонов-Скопје. Во моментов четири лица ги нема бидејќи избегале, вели в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.
Содржината продолжува под рекламата
Тој тоа го заклучил по извршената контрола направена во петокот вечерта по 23 часот, а која траела до нешто повеќе од четири часа.
Содржината продолжува под рекламата
„И покрај нашата вонредна контрола, четири лица од овие 11 кои не ги најдовме таму во затворот „Скопје“, а се вратија, утрово во 5 часот, не се наоѓаат таму и се во бегство. Во отворениот дел имаат „возен парк“ и во него, по списокот требаше да бидат само три лица, а се распоредени 10, од коишто четворица отсуствуваа. Во делот „перална“, по список треба да има 4 осудени лица, а формално правно треба да бидат 9 – седум беа отсутни, едно лице пронајдовме, а едно било на домашно отсуство. На прашањата зошто е така, ни кажаа дека затворската полиција нема увид и дека добиваат усни наредби.
Пандов истакна дека било зачудувачки тоа што го видел во затворот додека ја вршеле контролата. Имено 10 од тие лица, по еден, два три часа се враќале. Слободно се движеле околу нив, разговарале со полицајците, иако по 22 часот треба да бидат затворени.
Директорот посочи дека во т.н. дел „возен парк“, било строго забрането да влегува кој било полицаец, туку само одредени кои можеле да вршат контрола. Но и таа контрола не била вршена како што треба, туку колку да се каже дека има полиција.
Тој додаде и дека затворските полицајци му кажале дека немаат никаква заштита.
„Затворениците се јавуваат кај Сокол, вадат телефони пред нас и велат дека им се закануваат, посочуваат ’директоре ние ви дадовме пари‘. Затворениците се за греота, со солзи во очите ни раскажуваат дека постојано се под закани и дека не се чувствуваат безбедни. Таму состојбата е обратна, затворениците имаат поголема контрола и влијание отколку полицајците. Да напомнам дека кога ќе имаме записник ќе го доставиме до Обвинителството. Јас го замолив премиерот Мицкоски, не само Сокол, туку и во најголем дел од затворите, слична е состојбата и тие се „хотел промаја“. И она што ние мислиме дека е затвор, фактичката состојба не е таква“, рече Пандов пред новинарите.
Директорот вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видеонадзорот.
Можеби ќе ве интересира:
- Двајца велешани приведени под сомнение за неовластено производство на дроги
- Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор
- Грин Машинс на Брако на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
- Сообраќајот во западниот дел од државата по влажни коловози
- Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија