Реклама

(ВИДЕО) Почна бетонирањето на свлечиштето „Цуцка“

Почна бетонирањето на карпата викана „Цуцка“, на јужниот влез на Велес. Процесот на изведување се врши со таканаречен торкрет бетон, кој се нанесува под силен притисок.

Zito akcija 640x289px

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вчера најави дека работите на санацијата на ова свлечиште ќе завршат во август, два месеци пред предвидениот рок. Санацијата на „Цуцка“ ја финансира државата со околу еден милион евра.

Agria

Големиот одрон на „Цуцка“ се случи во март 2018 година. Тогаш, за малку беше избегната голема трагедија, кога неколку секунди пред одронот, на оваа делница поминаа автобус и неколку автомобили.

Погледнете како изгледа бетонирањето на карпата со торкрет бетон: