
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- (ВИДЕО) Јованче Манасков: ВМРО-ДПМНЕ го исмеваше Младинскиот парк, а сега таму држи митинг
- Пожарот во дискотеката „Пулс“ ја зеде 63 жртва, почина Панчо од ДНК
- Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, Колев и Мицкоски побараа поддршка за бројот 9 на локалните избори
- Борец Баскет со американско засилување во новата сезона на Втората лига
- Сончево со мала до умерена облaчност