Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје предложи одлагање на закажаната главна расправа за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски
Од Кривичниот суд велат дека со оглед на тоа што истрагата против осомничениот Љупчо Палевски-Палчо е завршена и ќе биде поднесено обвинение, кое се однесува за истото дело како и против четворицата други обвинети, а и доказите се исти, од ОЈО Скопје ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки.
Имајќи го предвид добиениот предлог на Обвинителството, а поради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповика наредбите за спровод на обвинетите што издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за почнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат известени.
За убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинети се четвроица луѓе, за првоосомничениот Палевски истрагата заврши, а во тек се истражни дејствија против возачот кој го возел Палевски од Србија до Турција.
Можеби ќе ве интересира: