
На 27.07.2024 во Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода М.К.(39) од Кавадарци.
Содржината продолжува под рекламата
Имено, по претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Содржината продолжува под рекламата
Околу 21.00 часот во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото.
Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира:
- Денеска е Задушница – ден за молитва и спомен на починатите
- Денеска гласаат болни и немоќни и лица во старските домови, затвореници и лица во домашен притвор
- ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025 – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
- ФЗОМ ќе прави проценка на критериумите за здравствено осигурување
- Градоначалникот Марко Колев и новиот Совет на Општина Велес го започнаа четиригодишниот мандат


















