Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Водата во езерото Младост е ризична по живиот свет и по здравјето на капачите

veles ezero mladost
veles ezero mladost

И покрај тоа што функционира колекторскиот систем, анализите покажаа дека имаме и фекално загадување, кажа директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски на денешната прес-конференција.

Zito akcija 640x289px

По загадувањето на вештачкото езеро „Младост“ во Велес, и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) направил надзор на сите фирми и физички лица на тој потег. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски, денеска на прес-конференција кажа дека водата не е добра ниту во однос на физичко-хемиските карактеристики ниту во однос на микробиолошките карактеристики. И покрај тоа што функционира колекторскиот систем, анализите покажале дека има и фекално загадување.

„Имаше задолженија за некои од правните субјекти да направат елаборати за заштита на животна средина. Направен е увид на целиот колекторски систем од сите правни и физички лица којшто егзистираат на тој потег и се земени анализи од самото езеро. Анализите покажаа дека водата во однос на физичко-хемиските карактеристики е од II, III, IV, категорија во зависност од длабочината, а во однос на микробиолошките карактеристики е од IV, односно V категорија, што значи дека е со лош квалитет и влијае негативно врз опстанокот на живиот свет во езерото и е опасна по здравјето на капачите и затоа не треба да се користи. И покрај тоа што функционира колекторскиот систем, анализите покажаа дека имаме и фекално загадување“, рече Стојковски.

Претходно, Хидробилошкиот завод-Охрид покажа дека водата од сите локалитети на велешко езеро Младост е со фекално и органско загадување, додека пак две меѓусебно независни мерења а приватната лабораторија „Фут лаб“ од Скопје, а по барање на Општина Велес и на велешкиот Центар за јавно здравје од Велес, покажаа дека водата е исправна за капење и рекреација. Од Хидробиолошкиот завод порачаа дека поради недостиг на кислород потребно е езерото да се снабди со свежа вода, додека пак локалните здруженија и фирми изминативе денови спроведуваат акции за чистење на езерото.

Веста е преземена од 360 степена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: