
Обедбезена е нова меѓународна помош преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, за справување со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Хеликоптер од Србија утрово слета на скопскиот аеродром, а се очекува уште еден од Чешка со капацитет на ведро од 3 тона да пристигне вечерва. Германија најави испраќање на два ер трактори (AT802/2), за коишто дополнително ќе биде објавено времето на пристигнувањето.
Содржината продолжува под рекламата
На фан страниците на социјалната мрежа Фејсбук, по споделените апели за помош, утринава во 5 часот над 150 доброволци се пријавиле да го гаснат пожарот што гори во Пехчево. Aпелите се споделени преку неколку страници што објавуваат информации од источниот регион.
Можеби ќе ве интересира:
- Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори
- Приведен велешанец баран со судска наредба за кражба
- ФЕРОИНВЕСТ го изгради првиот лиценциран батериски систем во Македонија
- Времето денеска: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
- (ВИДЕО) Завршни пораки од кандидатите на СДСМ: „Велес заслужува повеќе“