
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Содржината продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 80,50 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 72,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира:
- Инспекторатот наложи нови проверки во биогасната централа кај Градско поради жалби за смрдеа
- Шумски пожар кај село Бекирлија во општина Лозово, активен еден од десетте пожари во земјава
- ЦУК: 27 пожари на отворен простор
- Судир меѓу „БМВ“ и мопед на улица „Благој Ѓорев“, еден повреден
- На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата