Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти

Индексот на трошоците на живот во јули 2024 година во однос на истиот месец лани бележи зголемување од 3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,9 отсто.

Zito akcija 640x289px

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јули 2024 година во однос на минатиот месец изнесува 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година е резултат на зголемувањето на трошоците на живот во следните групи: ресторани и хотели 5,8, транспорт 4,9 отсто, рекреација и култура 1,2 отсто, здравје, разновидни стоки и услуги 0,6 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива 0,3 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици 0,1 проценти.

Во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година намалување на трошоците на живот е забележано во следните групи: облека и обувки 0,5 %, храна и безалкохолни пијалаци 0,2 %, комуникации 0,1 %.

Трошоците на живот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101,5.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: