Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на ЕП што се одржува во Подгорица, откако денеска загуби од селекцијата на Германија со резултат 19:25, и најверојатно ги загуби шансите за висок пласман.
Текстот продолжува под рекламата
Ракометарот на Бисинов Фруитленд, Александар Славков и денес го одигра скоро целиот натпревар но за разлика од вчера остана без удар на голот. Самоил Ристевски со единаесет постигнати гола беше најдобар поединец на натпреварот, а само петмина наши ракометари се запишаа меѓу стрелците.
Текстот продолжува под рекламата
Македонија во третото коло ќе се сретне со селекцијата на Полска, која во својот прв меч на ова ЕП во Подгорица загуби од Германија со преубедливи 21:39. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 14 и 30 часот.
Можеби ќе ве интересира: