Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,велат од АМСМ.
Оттаму потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта низ земјата е воведен летен времен режим на сообраќај со кој во одредени термини се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
- петок од 17:00 – 22:00 часот
- сабота од 09:00 до 18:00 часот
- недела од 09:00 до 22:00 часот
На магистралниот пат А2 делница Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите во следните интервали:
- петок од 15:00 – 22:00 часот
- сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот
- недела од 07:00 до 22:00 часот
Можеби ќе ве интересира: