Македонската кадетска репрезентација успеа да ја совлада репрезентацијата на Италија со резултат 23:19 и обезбедија задржување на елитниот статус, што значи дека и во иднина ќе се натпреваруваат со најдобрите репрезентации во Европа.
Содржината продолжува под рекламата
Ракометарот на Бисинов Фруитленд, Александар Славков кој настапува на ова Европското првенство за репрезентацијата на Македонија, на овој на тпревар немаше учинок. На досегашните натпревари тој имаше скромен учинок од постигнати три погодоци, но имаше значајна улога како во нападот, така и во одбраната.
Содржината продолжува под рекламата
За кадетската селекција на Македонија следи финалната фаза од натпреварувањето, а тоа е за конечен пласман од 17-то до 20-то место нa ЕХФ ЕУРО М18.
Можеби ќе ве интересира: