Додека целиот свет беше во знакот на Европското првенство во фудбал и Олимписките игри велешанецот Јован Јовановски беше дел од жешкото тениско лето од ATP TOUR како линиски судија.
Содржината продолжува под рекламата
Нашиот сограѓанин за кратко време беше дел од шест квалитетни турнири од АТП серијата. Серијата на натпревари ја започна од челинџерот во Скопје 75,а потоа своите задачи ги докажуваше низ европскиот континент. Јовановски на средината од месеј јуни беше дел од силен турнир од категоријата Challenger 125 во италијанскиот град Сассуоло,а потоа во месец јули во германскиот град Карлсруе и австриски Салзбург.
Содржината продолжува под рекламата
Серијата на успеси ја продолжи на елитниот турнир во Китзбил кој е од серијата АТП 250 каде што овој турнир го освои италијанецот Матео Беретини. Од планините во Тирол нашиот сограѓанин доби повик да биде дел и од првото издание во германскиот град Бон каде што уживаше во делот на тениската елита.
Најголем успех е тоа што Јовановски ја имаше честа да биде дел од сите финални натпревари на овие турнири и да биде единствен претставник на Македонија. Оваа година е исто една од најуспешните за Јовановски,иако тениската сезона сеуште е во тек и го очекуваат други силни натпреварувања низ европскиот континент.
Можеби ќе ве интересира: