Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за претстојната сезона во Првата лига. Екипата на МРК Борец се најде во Групата „А“, заедно со екипите на Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Аеродром, Металург РА, Јехона, Овче Поле, Кичево, и Астраион.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло кое е на распоред на викендот на 14 или 15 септември, велешани ќе гостуваат кај најголемиот претендент за освојување на Првата ракометна лига и враќање во Супер лигата, екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Содржината продолжува под рекламата
Во регуларниот дел, што ќе се игра во две групи, ќе се одигра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин), односно вкупно 18 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството се формираат две групи, плеј-оф со десет екипи, односно по петте првопласирани од двете групи, и плеј-аут, во кој ќе играат сите останати екипи.
Првопласираната екипа од плеј-оф влегува директно во Супер лига, а второпласираната екипа од плеј-оф ќе игра еден бараж натпревар со петто пласираната екипа во плеј-аут групата од Супер лига.
Можеби ќе ве интересира: