Фудбалерите на Борец 1919 минимално се поразени на домашен терен од екипата на Башкими од Куманово со резултат 0:1, на стартот од Втората македонска фудбалска лига. Стрелец на голот беше Ардит Демири во 43 минута од натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани натпреварот го започнаа во грч, додека гостите уште од самиот старт покажаа дека се дојдени по трите бода во Велес. Сепак нивните напади беа јалови. Прв да го отвори резултат го имаше Флорент Oсмани , но биеше млако во голот на Лука Стојковски.
Содржината продолжува под рекламата
По една некоординираност на одбрамбените играчи на Борец 1919, во 43 минута најснаодлив беше Ардит Демири и му донесе водство на кумановскиот тим. Во второто полувреме домашниот состав заигра поангажирано, но цврстот тим на Башкими не дозволи да прими гол. Веќе во сабота ќе се одигра второто коло од Втората македонска фудбалска лига а Борец гостува во Прилеп кај екипата на Победа.
Можеби ќе ве интересира: