Мицкоски најави регулација на крипто пазарот

kripto
kripto

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дека ветувал развој и регулација на крипто пазарот, дали планирате нешто во иднина, рече дека веќе сериозно се работи, како и дека дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема.

Zito akcija 640x289px

„Па да, веќе работиме сериозно. Дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема и во периодот кој што ќе следи, ќе излеземе и со законска регулатива со која што сето ова ќе биде регулирано, ќе значи повеќе пари, приливи во буџетот, кои што ќе можеме да ги користиме за капитални проекти.”, истакна премиерот Мицкоски.

Agria

Тој по посетата на Јавното претпријатие за државни патишта во Скопје одговораше на новинарско прашања за обвинувањата од СДСМ дека новата Влада не го исполнила предизборното ветување за зголемување на платите, како и за барањата на синдикатите за раст на минималната плата.

Смета дека СДСМ преку соопштенија, како што вели, практично лиферуваат лаги и самите да веруваат во тие лаги.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: