На Меѓународниот аеродром „Скопје“ запленети мобилни телефони „ајфон“ во вредност од 1,8 милион денари

Aerodrom Skop
Aerodrom Skop

Вкупно 21 мобилен телефон „ајфон 15 про“, со вкупна вредност од еден милион денари, се запленети на Меѓународниот аеродром „Скопје“ по детаљната контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони беа откриени при детаљна физичка контрола на пратка од Дубаи, која била наменета за фирма од Скопје, известуваат од Царинската управа.

Zito akcija 640x289px

Дополнително, уште 11 мобилни телефони „ајфон 15 про“, во вредност од 799 илјади денари, и еден таблет се запленети на патнички промет кога патник што патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Тој е селектиран за рендген-контрола, при што во некои од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот.

Agria

На Меѓународниот аеродром „Скопје“, на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут-слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Епл“ за кои во моментот е почната постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост. Исто како и во првиот случај, и овде станува збор за пратка од Дубаи за која е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут-слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи, доколку се продаваат како оригинали, е 220 илјади евра, соопшти Царинската управа.

На Царинската филијала Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „самсунг“, кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е по потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, се додава во соопштението на Царинската управа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: