УХМР најавува нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи

Veles oblacno 21 avgust 2024

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 21°C, а максималната од 21 до 32°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.

Agria

Во Велес претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Можеби ќе ве интересира:

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи