Реклама

Денес е ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

24-ти мај, се прославува како ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија.

Zito akcija 640x289px

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како “Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски”. Тие се еден владика и еден калуѓер. Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го создале и првото писмо, азбуката и ги поставиле правилата за пишување.

Agria

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, во угледно и богато византиско семејство, од татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предал на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

По нивната смрт, нивните ученици Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци. Сава и Ангелариј, ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.