Денеска почнува новата учебна година 2024/25, а во училишните клупи седнуваат вкупно 245 илјади основци и средношколци.
Оваа учебна година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.
Во 140 училишта ќе се одвива само едносменска настава, за која надлежните се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.
Иако изминатата година основците и средношколците имаа пролетен распуст за прв пат, сепак во новата година нема да имаат бидејќи според Министерството за образование и наука, мнозинството се изјаснило дека ваков распуст не е потребен.
Учениците ќе имаат зимскиот одмор кои ќе почне на 31 декември 2024, а ќе заврши на 19 јануари 2025.
Можеби ќе ве интересира: