Вкупно 23 крвни единици беа собрани при денешната крводарителска акција во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“. Од нив, едно лице за првпат даруваше крв, информираа од велешкиот Црвен крст.
Содржината продолжува под рекламата
На акцијата даруваа, Офицери и Подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата.
Содржината продолжува под рекламата
Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Командата за обука и доктрини, сместена во велешката Касарна.
Можеби ќе ве интересира: