Велешката противпожарна единица утрово имаше несекојдневна акција на спасување. Граѓани пријавиле дека на улица „Кумановска“ позади „Мишелинко“ од утрово околу 7 часот мачка, која најверојатно се заглавила помеѓу жиците, не можела да слезе. Граѓаните неуспешно се обидувале да и помогнат, па се јавиле кај пожарникарите, кои стигнале веднаш. Откако и ги одглавиле нозете од жиците, мачката успеа да се спушти по бандерата.
Освен за луѓе и имот, неретко пожарникарите учествуваат во акции за спасување и на животни во невојла. Во продолжение, погледнете ја акцијата за спасување, која на својота фејсбук страница ја објави Здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ од Велес.