Реклама

(ВИДЕО) д-р Јовев: Иван утринава се разбуди со новото срце и солзи радосници

Sasko Jovev

Првиот пациент во земјава кому му беше пресадено срце е стабилен и веќе не е на респиратор за дишење. Засега сè се одвива по најдобар ред, рече лидерот на тимот доктори кои ја направија првата трансплантација на срце, кардиохирургот со велешко потекло д-р Сашко Јовев, во интервју за Телевизија 24.

Zito akcija 640x289px

„Неговото прво будење беше мошне симпатично, се разбуди сосема свесен. Сето ова го прифати мошне свесно и непосредно пред операцијата. Во еден момент кога се наоѓаше во состојба на срцев застој итно го опериравме, знаејќи дека неговото срце е максимално ослабено и некако го одржувавме во овој период и го припремавме на некој начин дека тоа е нешто времено и дека немаме поголема перспектива, освен да направиме нешто во оваа смисла. Го припремавме, но не знаевме дали ќе се најде донор чие срце соодветствуваше најдобро со неговото“, вели д-р Јовев.

Agria

Погледнете го целото интервју: