Ракометарите на Фруитленд Борец достојно се преставија на гостувањето кај фаворитот за титулата Вардар. Скопскиот тим го совлада дебитантот во ракометната Супер лига со резултат 31:24.
Содржината продолжува под рекламата
Двократниот европски првак 45 минути се мачеше да го скрши отпорот на велешани, кога при резултат 22:20, направи една мини серија за водство од 27:20, по што рутински го доведе и натпреварот во своја полза.
Содржината продолжува под рекламата
Стефан Петриќ кај домашниот состав со 7 гола беше најефикасен, а Милан Лазаревски даде 5 гола. Во тимот на Фруитленд Борец се истакна Тоше Ончев со 6 погодоци.
Можеби ќе ве интересира: