Реклама

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов, ниту е заминат

Venko-Filipce-997x485

Коронавирусот ниту е мртов, ниту е заминат. Тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат. Вака му реплицираше министерот за здравство Венко Филипче на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи, кој вчера, при празнувањето на Рамазан Бајрам го прогласи коронавирусот за мртов.

Zito akcija 640x289px

„Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките“, смета Филипче.

Agria

Тој е загрижен од фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив. Вели дека и покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи.

„Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се“, рече Филипче.

Тој им се заблагодари на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои, како што рече, за жал, и понатаму можат да бидат изложени на ризик поради оние коишто тоа не го прават.