Реклама

Пензионерите и месецов порано ќе ги добијат пензиите

penzioneri1

Пензионерите предвереме ќе ги добијат мајските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Ова се случува втор месец по ред, целта е да се овозможи поголема заптита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

Agria
  • Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
penzioneri

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од среда 27 мај. Тие можат да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

„Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи“, велат од МТСП.

Оттаму уверуваат дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата и држење растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од Министерството за труд и социјална политика. / В.Т.