Сменет полицискиот началник кој ги пропушташе свадбарите на Африм Гаши

Policija Veles avtomobil

Наим Рамука повеќе не е началник на Секторот за гранични работи – Север. Не му е продолжена наредбата со којашто тој ја извршуваше оваа функција. За нов началник е поставена Маја Темелкова-Сотирова.

Zito akcija 640x289px

Рамука се најде на удар на опозицијата како главен организатор на бегството на Блерим Рамадани на Косово, но и за пропуштањето на колоната свадбари, која ја предводеше претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Agria

За последниот случај, МВР покрена и дисциплинска постапка, а мерки беа поведени и за шест полициски службеници.

Рамука беше таргетиран што дозволил колоната возила кои беа заедно со собранискиот спикер Африм Гаши упатувајќи се на свадба на Косово, да бидат пропуштени на граничниот премин Блаце, без никакви проверки.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17.08.2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и по извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат изготвени предлози за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С..

ОВККИПС констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за Излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за Излез бр.3 и истото се насочува кон Излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото.

Можеби ќе ве интересира: