Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа.
Одбраната на обвинетите беше против исклучување на јавноста.
Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи. Тој се одлуќчи на ваков чекор, како што кажа, за да не се вознемирува.
Судскиот процес за убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски почна денеска со воведни зборови на обвинителството.
Четворица се товарат за двојно убиство, грабнување и соизвршителство. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет дека им дал на останатите обвинети информации за движењето на неговата ќерка.
Можеби ќе ве интересира: