Фруитленд Борец е поразен и на вториот натпревар на домашен терен

Велешкиот ракометен суперлигаш, екипата на Фруитленд Борец, го забележа и четвртиот пораз во петото коло, овој пат од екипата на Куманово со резултат 25:30.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Гостите подобро го отворија натпреварот и имаа водство од 4:1, но откако велешани ги консолидираа своите редови, и неколкуте одбрани на Паунов, Фруитленд најпрво израмни, а веќе во 23 минута имаа пет голови предност, 11:6.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Но велешките ракометари како тука да застанаа. До крајот на првиот дел гостите ја преземаа играта во свои раце, па преку Мораеш и Димевски го полнеа голот на Фруитленд Борец. На полувреме се замина со водство на гостите од 13:12. Во вториот дел иста слика, домашните премногу грешеа, а немаа решение за расположените бекови на Куманово, Димевски и Мораеш, кои заедно комбинираа 20 погодоци.

Најефикасни кај Фруитленд Борец беа Ончев и Илиев со по шест погодоци, а на голот се истакна Паунов со 11 одбрани. Во наредното коло Фруитленд Борец гостува во Охрид, екипа која сеуште ја нема почуствувано горчината на поразот.

Можеби ќе ве интересира: