Со голот на Јордановски во 93 минута од натпреварот, Борец 1919 се спаси од пораз против екипата на Скопје, иако на полувреме имаше водство од 1:0.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи го отвори резултатот уште во 3 минута по еден пробив на Филиповски. Гостите од тој момент ја презедоа иницијатавата за да израмнат. Шанса за израмнување имаше Жоглев во 25 минута, но голманот Јакимовски го одбрани ударот од 11 метри.
Содржината продолжува под рекламата
Само што започна вториот дел во 49 минута, по една нафрлена топка од десната страна, највисок во скокот беше Дани Мргим и го израмни резултатот. И кога сите очекуваа мечот да заврши се постигнаа два погодока, најпрво гостите дојдоа во водство со голот на Пашариковски Иван во 88 минута, а Јордановски беше најспретен по едно нафрлување на Ивановски во шеснаесетникот на гостите и го израмни резултатот на 2:2.
По седум одиграни коло Борец 1919 е на 14 место 4 освоени бода. Следното коло кое оради репрезентативната пауза ќе се одигра на 19 октомври, Борец 1919 гостува во Гевгелија кај екипата на Кожуф.
Можеби ќе ве интересира: