Реклама

(ВИДЕО+ФОТО) Изгоре автомобил во движење на патот Чашка – Велес

Изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка – Велес. Автомобилот марка „Фолксваген Поло“ е пеплосан, но за среќа, жртви нема.

Zito akcija 640x289px

Несреќата се случи околу 11:30 часот, кога возачот на автомобилот од Чашка тргнал кон Велес. На само еден километар од излезот на населба Чашка, на местото викано „Долги рид“, додека се движел, автомобилот почнал да гори.

Agria

Возачот брзо излегол од него и повикал пожарникари. Тие пристигнаа за десетина минути и го изгасија пожарот. Автомобилот е целосно уништен.

„Возилото не било осигурано „каско“ и затоа не е сомнителен, туку е несреќен случај. Најверојатно сопственикот имал некои проблеми со моторот, по што настанал пожарот“, изјави портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Сообраќајот на патот Велес – Чашка половина час беше во прекин, додека пожарникарите го гаснеа огнот. Околу 12:30 минути тој повторно е пуштен за сообраќај.