Пингпонгарите на ППК Борец-Тим со победа стартуваа во Првата лига

ФОТО: АРХИВА

Пингпонгарите на велешки “Борец-Тим” во дербито од првата пингпонгарска лига на Македонија, неочекувано со максимален резултат од 4:0 беа подобри од екипата на ППК “Рисови” од Скопје. Тоа беше дуел на минатогодишните учесници во бараж дуелите за влез во Супер лига.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Играчите на ППК “Борец-Тим” сите натпревари ги добија максимално со 3:0, без изгубен сет. За велешани, две победи извојуваа Вили Ангелов, а по една Филип Терзиовски и Димитар Николов, нашиот јуниор на кого ова му беше прва победа и тоа во неговиот прв меч во првата лига.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За две недели, на 20-ти октомври, ППК “Борец-Тим” го очекуваат два натпревари и тоа со ППК “Студент” од Скопје и ППК “Кочани” од Кочани.

Можеби ќе ве интересира: