Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот за два денари

gorivo-benziska

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 78 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 80, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)ќе се продава за 70,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2 денари и ќе изнесува 70,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: